Тајландската полиција денеска соопшти дека 18 лица загинале кога туристички автобус изгубил контрола и удрил во ров во провинцијата Прачинбури.
„Тоа беше надолнина, откажаа сопирачките, а возачот изгубил контрола и автобусот се превртел“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека сите загинати се учесници на студиско патување, пренесе Ројтерс.
Објавите на социјалните мрежи покажаа спасувачи и медицински персонал на местото на несреќата, која се наоѓа на 155 километри источно од Бангкок.
Тајландскиот премиер Фетонгтаин Шинаватра изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека истрагата е во тек.
🇹🇭 At least 18 people have been killed and more than 30 injured in a tour bus accident in #Thailand. pic.twitter.com/cgv1a5HkaB
— News.Az (@news_az) February 26, 2025
„Доколку се утврди дека возилото не ги исполнувало безбедносните стандарди, ќе бидат преземени законски мерки. Возилата мора да бидат безбедни и да ги исполнуваат пропишаните стандарди пред да можат да се користат“, порача премиерот на социјалните мрежи.
Според извештаите на медиумите, несреќниот автобус ѝ припаѓал на група за студиско патување што патувала од провинцијата Муанг Канчанабури до провинцијата Рајонг.
Групата имала три автобуси, а во возилото во кое се случила несреќата се превезувале 47 патници и 2 возачи.
Уништена е околу 100 метри заштитна ограда на местото на настанот, што укажува на огромните размери на несреќата.
Еден од преживеаните патници се сеќава дека спиел во моментот на несреќата и се разбудил и видел дека автобусот се превртел.
Возач на камион кој бил сведок на несреќата веднаш застанал да провери и во автобусот затекнал многу повредени, а потоа повикал помош.
Според последните вести од тајландските медиуми, околу 9 часот, гувернерот на провинцијата Прачин, Веерапан и тим од поврзаните агенции ги посетиле повредените во болница.
По прегледот на телата на починатите, тие се предадени на нивните семејства.
18 killed, 31 injured as bus overturns in eastern Thailand
The accident occurred early Wednesday (Feb.26) in Prachinburi province when a double-decker bus carrying 49 people on a study tour lost control and overturned on a downhill road.#roadaccident #Prachinburi #Thailand pic.twitter.com/019m5SHbMl
— International Crisis Room 360 (@ICR360) February 26, 2025
Повредените претрпеле симптоми како болки во грбот, компресија на градниот кош и рани на главата, а во моментов се добиваат целосна медицинска помош во болницата.
Сообраќајните несреќи и смртните случаи се чести во Тајланд поради лошото спроведување на стандардите за безбедност на возилата и лошо одржуваните патишта, посочува агенцијата.
Според извештајот на Светската здравствена организација од 2023 година, Тајланд се најде на деветтото место меѓу 175 земји-членки по бројот на сообраќајни несреќи и смртни случаи.
Минатата година се запали училишен автобус поради истекување на плинска боца, при што загинаа 23 лица, меѓу кои 16 ученици.