Австрија планира да ги продолжи контролите на границата со Словенија и Хрватска од 11 мај, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.
Loading...
Во текот на следниот месец истекува шестмесечната суспензија на безвизниот режим меѓу трите земји-членки на ЕУ.
– Во наредните денови ќе ја известиме Европската комисија дека ќе ги продолжиме граничните проверки – рече Карнер.
Според него, суспензијата на Шенгенскиот договор е неопходна во борбата против илегалната имиграција.