Авион со пет Американци, ослободени од притвор во Иран, слета денеска во Америка, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на американски претставник.
Пет американски државјани го напуштија Иран во понеделникот и слетаа во Доха, како дел од размената на затвореници со Америка и одмрзнувањето на иранскиот имот во вредност од шест милијарди долари.
Иранската телевизија во понеделникот објави дека петмина ирански државјани, кои биле во притвор во САД, се ослободени.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи рече дека само двајца ирански државјани се враќаат во Иран, додека двајца побарале да останат во САД, а петтиот рече дека сака да оди во неименувана земја за да му се придружи на неговото семејство, пренесува Танјуг.