Авионот на холандската компанија KLM, кој слета во Букурешт синоќа откако доби дојава за бомба, не можеше да го продолжи своето патување до Тел Авив поради технички дефект, па летот на крајот беше откажан, објави денес портпаролот на оваа авиокомпанија, како што објавија холандските медиуми.
Станува збор за летот KL461 од Амстердам до Тел Авив, со планирано запирање во Букурешт, а дојавата за бомбата пристигнала непосредно пред авионот да слета во романската престолнина, изјави портпаролот на KLM, објави Nl Times.
Според него, 52 патници и шест члена на екипажот безбедно го напуштиле авионот по слетувањето.
Авионот потоа бил темелно прегледан и подложен на безбедносна проверка, по што му било дозволено да го продолжи своето патување до Тел Авив, но додека таксирал на пистата во Букурешт, екипажот открил технички проблем.
Компанијата KLM објави дека летот е откажан поради ова, а патниците биле сместени во хотели, а ќе им бидат обезбедени алтернативни летови.
Вчера пристигнаа извештаи за бомби за најмалку 27 летови низ Европа, а слични инциденти се случија и претходно во текот на неделата, но досега во ниту еден случај не е пронајдена експлозивна направа, потсети „NL Times“.

