Аткинсонова диета – слабејте без да гладувате

Сподели со своите пријатели

Оваа диета е наменета за сите оние кои имаат проблем кон тоа да се приджуваат на дневните мениа за оброци препорачани во повеќето диети, пишува порталот Мама 365.

Loading...

Нема ограничување во количината на внесена храна, се додека таа се базира исклучиво на протеинска основа. Оваа диета уште и се нарекува диета без јаглени хидрати затоа што нивниот внес е сведен на минимум или пак тотално исклучен. Поради едноличноста на исхраната потребен е дополнителен внес на витамини со кои би се надоместил нивниот недостаток.

Резултатите се навистина значајни и се постигнуваат за релативно краток временски период.

 

Дозволена храна (храна која содржи протеини)

Пилешко, телешко, јунешко и свинско месо (печено, пржено, варено по ваш избор)

Јагнешко, мисиркино и месо од дивеч

Колбаси, месен нарезок, пушено месо

Loading...

Риба и морски плодови (како и риба во конзерва)

Јајца

Ајвар

Зеленчук ( модар домат, зелка, праз, пиперки, домати, краставици, печурки, целер, марула )

 

Храна која не е дозволена (Храна која содржи јаглени хидрати)

Леб, компири, брашно, презла, ориз, соја, грашок, поховано месо, виршли, запршки,

Било какви слатки и грицки

Loading...

Сирење и кашкавал

Јаткасти плодови

Тестенини

 

Од напитоци, дозволено е да се конзумира само кафе без шеќер (или со засладувач), вода со лимон и бело вино после првата недела.