АП: Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Газа

Сподели со своите пријатели

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на десетици заложници, изјавија денеска за АП двајца функционери вклучени во преговорите.

Loading...

Израелски официјален претставник изјави дека е постигнат напредок, а деталите се финализираат.

АП доби копија од предложениот договор, а египетски функционер и претставник на Хамас ја потврдија неговата автентичност.

Планот треба да биде доставен до израелската влада на конечно одобрување.

Катар денеска објави дека Израел и палестинската милитантна група Хамас се многу блиску до постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 18 Палестинци загинаа во израелските напади во текот на ноќта

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Маџед ал-Ансари на брифинг со новинарите изјави дека тековните разговори во Доха биле позитивни и продуктивни.

Тој одби да навлегува во детали за прашањата кои сè уште се дискутираат, објави АП.

Катар беше клучен посредник во преговорите со Хамас за време на повеќе од една година индиректни разговори и моментално е домаќин на разговорите.

Loading...