Американските и виетнамските компании бараат одложување на царините

Сподели со своите пријатели

САД треба да ги одложат „шокантно високите“ царини за увоз од Виетнам, рекоа американските и виетнамските компании, нагласувајќи дека пониските увозни давачки и „фер“ договор меѓу Вашингтон и Ханој ќе ѝ помогнат на американската економија и ќе го олеснат трговскиот дисбаланс.

Loading...

Минатата недела Трамп објави царини од 10 отсто за увозот од земјите ширум светот и планира дополнителни „реципрочни давачки“ за трговските партнери со кои САД имаат трговски дефицит.

Белата куќа во текстот на одлуката нагласи дека, меѓу другото, сака да го врати индустриското производство во САД, тврдејќи дека американската индустрија изгубила околу пет милиони работни места од 1997 до 2024 година.

Голем број американски компании произведуваат во Виетнам

Така, увозот од Виетнам треба да биде предмет на царина од 46 отсто од 9 април, со образложение дека, според пресметките на советниците на Белата куќа, Ханој наметнува царина од 90 отсто за увоз на американски стоки, кога се земаат предвид „валутните манипулации и нетарифните трговски бариери“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјоделци сѐ помалку, храна од увоз сѐ повеќе

Голем број американски компании го преселија производството во Виетнам со цел да ги намалат трошоците, а потоа ги извезуваат производите во САД.

Во такви услови, минатата година Виетнам забележа суфицит од 123,5 милијарди долари во трговската размена со САД.

Само Кина, ЕУ и Мексико имаа поголем суфицит во трговската размена со САД.

Виетнамската влада направи голем број отстапки на САД дури и пред Трамп да ги објави тарифите за увоз од земјите ширум светот, ветувајќи дека ќе купи повеќе американски стоки како што се авиони и земјоделски производи и пониски царини за увоз на енергија и автомобили.

Loading...

На крајот на март, Виетнам на тој начин ги преполови царините за американскиот течен гас и етанол, а ги намали царините за увоз на автомобили и производи како што се пилешки гради, бадеми, јаболка, цреши и производи од дрво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медицински хеликоптер се урна кај Нагасаки, загинаа три лица

Увозот на американски етан е ослободен од увозни давачки.

Договорени преговори и укинување на царините

Целта е „да се подобри трговскиот биланс со виетнамските трговски партнери“, рече на крајот на март Нгујен Куок Хунг, шеф на одделот за даночна политика на виетнамското Министерство за финансии, додавајќи дека иако САД и Виетнам формираа сеопфатно стратешко партнерство, тие не потпишаа договор за слободна трговија.

Во петокот, американскиот претседател и виетнамскиот лидер То Лам се согласија да преговараат за укинување на тарифите. Телефонскиот разговор беше „многу продуктивен“, заклучи Трамп.

Новите американски царини се „шокантно високи“, предупреди Виетнамската трговска и индустриска комора (VCCI) и Американската стопанска комора (AmCham) во Ханој во писмо упатено до американскиот министер за трговија Хауард Лутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Царините се лековити

Пониските царини ќе и помогнат и на американската економија и на потрошувачите, велат VCCI и AmCham.

„Пониските царини за производите што доаѓаат во Виетнам и за производите што стигнуваат до американските потрошувачи ќе им помогнат на американските бизниси, економијата и потрошувачите“, се вели во писмото.

„Брз и праведен договор ќе им донесе на компаниите безбедна средина за водење бизнис и ќе ја исправи трговската нерамнотежа во замена за взаемна корист“, велат од AmCham и VCCI.

Loading...