Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга Уша Венс вчера го објавија раѓањето на нивното четврто дете, син, првото дете родено од актуелен потпретседател на САД по повеќе од 150 години.
Роден во недела, Алек Нил Венс им се придружува на своите браќа Еван (девет), Вивек (шес) и сестрата Мирабел (четири).
Венс го објави раѓањето на својот син преку социјалните мрежи во соопштение потпишано од него и неговата сопруга.
„Возбудени сме што можеме да објавиме дека нашиот син, Алек Нил Венс, се роди утрово. Уша и бебето се среќни и здрави, а нашите деца се пресреќни што го запознаа својот мал брат“, се вели во соопштението.
Тие им се заблагодарија на лекарите и персоналот во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ и на медицинскиот тим на Белата куќа.
Растечкото семејство на републиканскиот потпретседател е во согласност со неговото страсно залагање Американците да имаат повеќе деца.
Тој, исто така, наговести дека минатогодишното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк, кој му беше пријател, влијаело врз одлуката да има уште едно дете.

