Сподели со своите пријателиИндивидуалните уплати на Вашингтон во буџетот на светската организација за 2018-2019 година се намалени за 285 милиони долари. На овој начин САД сакаат да ја зајакнат дисциплината и одговорноста. Постојаната претставничка на САД при ОН, Ники Хејли соопшти дека Вашингтон ќе ги намали своите уплати во двегодишниот буџет на светската организација за 285 милиони долари. Како наведува, овој чекор ќе биде корисен и за Вашингтон и за ОН. – Како додаток на така значително намалување на трошоците и намалување на прекумерната функција на ОН за управување и поддршка, зголемување на поддршката на клучните приоеритети на САД во светот и јакнење на дисциплината и одговорноста во системот на ОН, наведува Хејли. Постојаната претставничка на САД нагласува дека Вашинтгон продолжува да бара пат за зголемување на ефикансноста на ОН и заштита на своите интереси. Индивидуалното учество на САД во буџетот на светската организација изнесува 22 отсто од вкупниот буџет на ОН, што е максимално дозволено ниво. Како објаснува експертот од Инситутот на САД и Канада, Владимир Василијев, САД секоја година на сметката на ОН донираат десет милијарди долраи. Во буџетот на ОН непосредно се уплатуваат 600 милиони долари, околу 3,8 милијарди долари одат за финансирање на мировните мисии (обврзувачка уплата), а останатите 5,5 милијарди долари се користат за одржување различни организации и програми. – Во соопштението на Хејли не се наведува кои се конкретните расходи кои ќе бидат намалени. Според мене 285 милиони долари ќе ги оштетат редовните и обврзувачките исплати. Во интерес на САД е да изврши притисок на бирократијата во ОН, а инфраструктурата на Обединетите нации во Њујорк живее од регуларните уплати, соопштува Василијев. Објавата за намалување на учеството на САД во буџетот на ОН следува само неколку дена откако Вашингтон остана осамен во Генералното собрание на ОН кое усвои резолуција со која ја осудија одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за израелска престолнина. Хејли тогаш се закани дека Америка ќе го намали финансирањето на ОН. 2017-12-26