Алсат-М: Врз советникот на Општина Куманово извршен обид за атентат, приведени двајца

Сподели со своите пријатели

Функционер на ДУИ, Назми Беќири и неговиот роднина Идриз Беќири биле повикани на разговор во полицијата под сомнение дека се вмешани во обидот за атентат врз советникот на Општина Куманово, Фериз Дервиши, јавува телевизија Алсат-М.

Полицијата вчера излезе со соопштение дека во село Черкези е извршен претрес на неколку локации и е запленто разновидно огнено оружје. Според телевизијата, тоа се токму домовите на двајцата осомничени за атентатот.

Во домот на Идриз Беќири (38) биле пронајдени и одземени една автоматска пушка и две рамки со 45 куршуми. Додека, во домот на Назми Беќири (58) биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Смит Венсон“ со рамка со осум куршуми, пиштол „Пат Енгл“ со рамка со шест куршуми, една рамка со осум куршуми калибар 7,62 мм и една ловна пушка „Бајкал“ калибар 12х76 со четири патрони.

Како што пишува Алсат-М повикувајќи се на свои извори, претрес имало и во домот на семејството Мисини во село Черкези, чии членови биле вмешани во крвавата пресметка во Мала Речица, каде беше убиен Наип Реџепи од Куманово. Реџепи пак е близок роднина на советникот Фериз Дервиши, под чиј автомобил завчера беше подметната бомба.

Сепак, од Министерството за внатрешни работи засега велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против Идриз и Назми Беќири ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Извор: Аласт-М

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Leave a Reply