Ален Хасановиќ потпиша договор со српската Гранд продукција

Сподели со своите пријатели

Ален Хасановиќ, македонскиот натпреварувач на шоуто ”Ѕвездите на Гранд”, и официјално стана дел од најголемата српска продукција „Гранд“.

Loading...

Хасановиќ, кој патем е единствениот Македонец кој успеа да се пласира во сите кругови на шоуто, ќе стане вториот македонски вокал кој успеал да оствари соработка со српката приватна музичка продукција после бендот ”Молика”

 

Имено, харизматичното момче кое со својот неверојатен талент за пеење успеа да го воодушеви целиот регион,  потпиша договор на 9 години со „Гранд“ продукција.

Во наредните 9 години продукцијата „Гранд“ во целост ќе се грижи за кариерата и имиџот на Хасановиќ, а младиот пејач за сите свои активности ќе мора да бара одобрение од својот нов менаџер, Саша Поповиќ.

 

Leave a Reply