Осум нови пожари се избувнати на подрачјето на кумановскиот регион денеска, информираа надлежните од Центарот за управување со кризи, од каде додаваат дека има и изгорени куќи.
Во овој момент на осум нови локации од претходните, денеска осум нови во Зубовце, Сопот, Зебрњак, Лојане, Орашац, Довезенце и други. Таму се загрозени куќи и други придружни објекти, изјави Марија Милкова, помошник раководител во Сектор за операција и координација при Центарот за управување со кризи.
Осумдесет војници се побарани за пожарите во Куманово и во моментов се одговара. Има изгорено куќи во Сопот и Четирце.
– Куманово побара 80 војници и во моментов се одговара, практично се зафатени поголем број села и опоажерни поголем број на куќи, во Четирце и Сопот. Има седум на различни простори невозоможно, изјави Горан Стојановски од ЦУК.
Сите расположливи ресурси се на терен, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
– Екипите на ТППЕ Куманово, Општинскиот штаб за заштита и спасување, тимови од ЈП Чистота и зеленило и сите други расположливи ресурси за гаснење на пожари се на терен заедно со локалното население и волонтерите во борба со огнената стихија, вели Димитриевски.
Повеќе детали наскоро…
Никола Ивановски