Ако сакате да студирате на Оксфорд, еве ги прашањата од приемниот испит

Сподели со своите пријатели

Универзитетот во Оксфорд со години во светот, заедно со Харвард и Кембриџ е познат каок еден од најпрестижните и најквалитетните по прашањето на образованието. Некои од најголемите умови на денешницата излезени се со диплома од Оксфорд.

Loading...

Освен беспрекорните оценки за време на средното училиште, на Оксфорд се полага и додадте приемен испит. Управата на Универзитетот одлучила да пушти во јавност некои примери од приемните испити од различни отсеци.

Самина Кан, директорката на одделението за креирање на приемните испити, вели дека прашањата најчесто се состојат од академски разговори за правецот за кој сте се одлучиле да студирате.

Еве некои од примерите:

Отсек за ориентални студии: Може ли археологијата да ја докаже или да ја негира Билбијата?

Отсек за биомедицина: Од каде е поврзаноста на шеќерот во мокраќата и дијабетесот?

Отсек за експериментална психологија: Кој број од 0 до 100 би го избрале доколку би учествувале во игра во која 100 луѓе ставаат една фунта како улог? Победникот е личноста чиј број е најблизу две третини од просекот на сите избрани броеви.

Отсек за економија и менаџмент: Дали банкарите ги заслужуваат своите плати и дали владата треба да преземе нешто да се ограничи износот на пари кои ги заработуваат?

Loading...