Ако повторно пропадне постапката за јавен превоз, општина Куманово сама ќе набави возила

Сподели со своите пријатели

Ако повторената постапка за јавен градски превоз во Куманово пропадне, Општина Куманово ќе набави свои возила, ова денеска го кажа градоначалникот Максим Димитриевски одговарајќи на советничките прашања.

Loading...

Димитреиевски сепак рече дека се надева оти до такво нешто нема да дојде, бидејќи ќе направи големи проблеми во буџетското работење.

– Очекувам дека постапката ќе заврши до крајот на овој месец, ако не се случи такво нешто, најавувам пред советот ќе поведам постапка за репрограм на буџет и оделување на средства од буџетот за набавка на возила за овие локации во сопственост на општината бидејќи не може да дозволам градот да зависи од волјата на превозниците, бидејќи граѓаните не добиваат соодветна услуга, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли температури над 20 степени?

Како што рече Димитриевски постакпката е повторена и сега линиите за кои немаше интерес поради економска неисплатливост се ставени во пакет со оние најатрактивните кои што беа оспорени од дел од превозниците.

– Во петок истекува рокот за поднесување на понудите од страна на превозниците на јавниот повик распишан по претходна одлука на советот со која ги споивме и оние неатрактивни линии со најатрактивните кои во претходната постпака беа обжалени. По оваа постапка излегоа пет пакети линии, во петок ќе заврши јавниот повик ќе донесат сите подносители документи и потоа повикот ќе биде со јавно отварање каде ќе бидат сите оние што ќе понудат најдобри услови и ќе бидат избрани, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, бил агресивен кон полицајци

Градоначалникот изрази надеж дека постапката ќе завшри до крајот на април, во спротивно ќе побара Советот да донесе одлука за набавка на возила за вршење јавен превоз.

Инаку јавниот превоз во Куманово за дел од најголемите населби не функционира од почетокот на 2022 година.

Никола Ивановски

Loading...