„Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, им рекла директорката на учениците пред евакуација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, вака директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска ги испразнила училниците денеска по дојавата за бомба во училиштето.

Loading...

– Учениците беа изведени без паника од училниците, влегов реков „Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, за да направиме атмосферата да не биде панична. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот, изјави Спасовска.

 

 

Мејлот пристигнал во 09:10 часот, како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.

– Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Бидејќи не била посочена локација, туку заканата стигнала на мејлот, директорката пристапила и кон евакуација на подрачните училишта „Тане Георгиев“ и во Соколана.

Loading...

 

 

Директорката Спасовска изјави дека училиштето има план за евакуација кој бил изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово и претходно била спроведена и вежба за евакуација.

– Планот за евакуација ни е изведен пред една година кога се случи оној настан со модуларната болница во Тетово, тогаш пристапивме  кон целосни документи, планови, симулации на вежби за евакуација и тогаш четири и пол минути ни требаше за евакуација и ни беше смешно, сметавме дека ќе ни треба за прилика на пожар или елементарни непогоди, меѓутоа еве сега ни послужи и сметам дека за многу брзо време неподготвени да излеземе на безбедно, рече Спасовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Директорката посочува дека вчера бил одржан и состанок со претставници на Секторот за внатрешни работи Куманово и Секторот за образование каде им биле посочени мерки што да прават во случај да дојде до ваков инцидент.

– Од сабајле имамве работен состанок каде техничкиот персонал беше запознаен целосно со дежурства во училиштен двор, претрес на ученици, се она што ни беше дадено како обврска од СВР Куманово, додава таа.

За денеска бил закажан Совет на родители со цел да се запознаат и родителите со настанатата ситуација, но истиот поради денешните закани за бомба бил откажан.

Loading...

Денеска училиштето нема да изведува настава во втора смена, а за утре ќе се почека на насоки кои треба да ги дадат претставниците на Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски