Ајдахо е првата држава во Америка која ќе воведе смртна казна за педофили

Сподели со своите пријатели

Во американската држава Ајдахо неодамна беше усвоен закон со кој се проширува примената на смртната казна за педофили, објавија денеска американските медиуми.

Loading...

Ајдахо е првата држава во САД која усвои закон во модерната ера со кој се воведува стрелачки вод за егзекуција на осудените на смрт, пишува DesertNews.

Новиот закон сега им дозволува на судиите или поротата да ја разгледаат смртната казна кога на судење се докажуваат злосторствата поврзани со педофилија.

Доколку не постојат услови за изрекување на смртна казна, може да се изрече задолжителна минимална казна затвор од 25 години со можна максимална казна доживотен затвор доколку обвинетиот се прогласи за виновен за киднапирање на жртвата или за учество во трговија со луѓе, што ја заострува казнената политика за други кривични дела во кои е докажано непристојно однесување кон малолетно лице кое не наполнило 16 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кенеди, критичарот на вакцините: Најефективниот начин за борба против сипаници е вакцината