Африканска чума регистрирана во Куманово, заседаваше Кризниот штаб

Сподели со своите пријатели

Африканска чума се појави на територијата на Општина Куманово, информираат денеска надлежните.

Loading...

Тоа бил повод и да се одржи состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во проширен состав.

– Ги информираме граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители, велат надлежните.

 

 

Донесени се посебни мерки кои се однесуваат за кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг:

– Забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места;

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

– Вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот го вршат надлежни ветеринарни друштва;

– Клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште;

– Забрана за колење на свињите во домашни услови се до добивање на негативен резултат;

– Животните кои покажуваат клинички знаци што укажуваат на присуство на афричка чума кај свињите, ќе се убијат и нештетно отстранат и од истите ќе се земат примероци (органи) за лабораториско испитување;

– Трошоците за клинички преглед и лабораториски испитувања се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, со запазување на сите биосигурносни мерки за заштита при влез и излез на сомнително или заразено одгледувалиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Loading...

Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат граѓаните дека сите одгледувачи на свињи, кои ќе соработуваат со надлежните институции, доколку се јави потреба да им бидат одземени или убиени свињите, ќе им биде исплатен паричен надоместок согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните, кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територија на Република Северна Македонија.

Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до сите одгледувачи на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите.

Доколку забележат промени кај свињите, веднаш да се обратат во ветеринарна станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски