Африканска чума повторно регистрирана во Куманово

Сподели со своите пријатели

Африканска чума повторно е регистрирана кај свињи во Куманово и две населени места се прогласени за заштитна и зона под надзор.

Loading...

Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на фарма со 600 животни во кумановското село Тромеѓа угинати се 60 свињи.

– Во кумановското село Тромеѓа, каде во едно огледувалиште во лабораториски наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е потврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите, засега состојбата е стабилна. На фармата со 600 животни од различни категории, угинати се 60 свињи.  Во моментот се спроведуваат мерки за депопулација, велат од АХВ.

Заштитна зона во две населби

Заштитна зона  е во радиус од три километри околу потврденото жариште и ги вклучува населениет места село Тромеѓа и населба Карпош.

Во овие места како што додаваат од АХВ, се преземаат низа мерки, меѓу кои и одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде е потврдена болеста како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болеста.

-Чистење и дезинфекција на објектите, просториите, опремата и возилата на одгледувалитата каде е  спроведена депопулација. Нештетно отстранување и уништување на опремата која  не може да се дезинфицира (сламадобиточна храна, шталско ѓубре и друго). Спроведување на епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, велат од Агенцијата за храна и ветеринарствто.

Во меѓувреме се врши и попис, клинички преглед, контрола на спроведувањето на биосигурносните мерки  и идентификација и регистрација на животните во сите одгледувалишта во рок од 7 дена од воспоставувањето на зоната.

Се евидентираат и сите нерегистрирани одгледувалишта и нивна категоризација во однос на степенот на спроведување на биосигурносните мерки.

Loading...

– Депопулација на сите нерегистрирани одгледувалишта категоризирани со висок ризик со колење за економско искористување на месото од закланите свињи. Во некомерцијалните одгледувалишта  колењето може да се изврши во домашни услови за сопствени потреби, единствено во присуство и под надзор на доктор по ветеринарна медицина од надлежно ветеринарно друштво со земање на мостри за лабораториско испитување. Во комерцијалните одгледувалишта со висок ризик колењето се врши во кланица  со земање на мостри, месото задолжително подлежи на еден од третманите за намалување на ризикот за ширење на болеста, стои во појаснувањето од АХВ.

Како што додаваат, депопулација на животните кои не можат да бидат заклани поради нивната благосостојба или неможност месото економски да се искористи се врши со еутаназија и нештетно отстранување на труповите.

Се забранува движење и превоз на свињи во и од зоната

Се забранува движење и превоз на свињи во и од зоната, освен доколку се движат директно во одобрена кланица за колење, посочуваат од АХВ.

– По исклучок животните може да се движат од едно во друго одгледувалиште доколку одгледувалитата се во иста зона под ограничување и процесот на одгледување на свињи е поврзан и претставува една епидемиолошка целина и се во иста категорија на ризик во однос на биосигурносните мерки, велат оттаму.

Меѓу забраните е и забрана за одржување на добиточни пазари и саеми, транспорт на свињи низ зоната освен транзит по магистрални патишта без застанување.

-Забрането е изнесување и внесување на  нус производи од одгледувалиштата, изнесување на добиточна храна, простирка, опрема и прибор од додгледувалиштата, како и изнесување на месо и месни производи по потекло од свињите од одгледувалиштата, велат оттаму.

Зона под надзор во радиус од десет километри

Зоната под надзор е во радиус од 10 километри околу потврденото жариште, велат од АХВ.

Во оваа зона се селата Карабичане, Табановце, Четирице, Горно Коњаре, Долно Коњаре, Речица, Режановце, Лопате, Бедиње, Клечовце, Проевце, Љубодраг, Шупљи Камен, Черкези, Зубовце, Романовце, Бељановце, Доброшане и градот Куманово во Општина Куманово, Старо Нагоричане, Младо Нагоричане и Никуљане во општина Старо Нагоричане, Ваксинце и Опае во Општина Липково.

Loading...

И во оваа зона, според АХВ се вршат слични активности за попис, прегледи и контрола, а исто така се забранува движење и превоз на свињи во и од зоната.

-И сто така и во зоната од десет километри се забранува одржување на добиточни пазари и саеми, транспорт на свињи низ зоната освен транзит по магистрални патишта без застанување.

Се забранува чување на свињи на отворено

На целата територија на земјава, вклучително и во заштитната и зоната под надзор се забранува чување на свињи на отворено и на депонии.

– Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри. Растојаните помеѓу двете огради треба да биде најмалку еден метар. Објектите каде што се чуваат свињите мора да  биде ограден со контролен влез и пред влезот мора да има функционална дезинфекциона бариера. Да се врши редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација и за тоа да се води евиденција, велат од АХВ.

Се забранува промет на  свињи на добиточните пазари, саеми и изложби. Транспорт на свињи може да се врши само од регистрирани превозници со исчистени и дезинфицирани возила пред и после секој транспорт со посета само на едно одгледувалиште.

За лицата кои биле  на лов и имале контакт со диви свињи  не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот. Треба да се користи облека за еднократна употреба при влез на фармите или да се менуваат облеката и обувките при влез во одгледувалиштето на свињи.

Одгледувачите задолжително да пријават сомнеж или знаци на болеста или смртност и абортус до надлежното ветеринарно друштво или официјален ветеринар.

Свињите кои ќе бидат затекнати во промет без здравствен сертификат  и без идентификација ќе бидат одземени и нештетно уништени на товар на сопственикот.

Loading...

На целата територија на државава ќе се спроведува и мерката на депопулација на  сите нерегистрирани одгледувалишта со висок ризик во однос на спроведувањето на биосигурносните мерки.

Свежото месо кое потекнува од  одобрени објекти кои се наоѓаат во зоните под ограничување може да се пуштат во промет на целата територија на земјава само ако потекнуваат од свињи по потекло од одгледувалишта надвор од зоните на ограничување, а термички третираните производи се  пуштат во промет на целата територија на државава без оглед дали потекнуваат од  свињи од зоните под ограничување.

Ќе се обештетат ли сточарите?

За одземените и нештетно отстранети свињи Агенцијата за храна и ветериарнство ќе исплати надомест согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатсвото за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести  на територијата на Република Северна Македонија бр. 02-479/1 од 08.02.2023 година, зависно од категоријата на животните.

За свињите по потекло од нерегистрирани одгледувалишта, без доказ за потекло и свињи кои потекнуваат од одгледувалишта каде претходно е спроведена мерка за депопулација, но, за кои официјален ветеринар нема издадено решение за репопулација, АХВ нема да  исплаќа надомест на штета.

Јами најблиску до жариштата

Во услови на појава на болест како што е африканската чума кај свињите, неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и локалните самоуправи.

Локалната самоуправа ( општината) има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску до жариштето, во која ќе бидат закопани еутаназираните животни кои до таму се носат под надзор на официјален ветеринар.

Loading...

– Потсетуваме дека во услови на епидемија или добиточна болест, согласно со член 222 од Кривичниот законик, непостапувањето по одлука на надлежен орган со која се определуваат мерки за отстранување или спречување болест е кривично дело за која е предвидена парична казна или затвор до три години. Законот предвидува и повисоки казни за ова дело доколку поради делото настапи значителна штета, стои во соопштението на АХВ.

Никола Ивановски