Над 300 играорци во сабота ќе продефилираат низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Седум културно-уметнички друштва во сабота со почеток во 19 часот ќе настапат на Фолклорна смотра, културен настан кој го организира Фондацијата за култура и спорт, а е во рамките на програмата за одбележување 500 години од постоењето на градот Куманово.

Loading...

На смотрата се очекува да настапат над 300 членови на културно-уметничките друштва „Панче Пешев“, „Карпош“, „Етно фолк студио“, „Бајрам Шабани“, „Рушит Шакир“, „Српски вез“ и „Срма“.

– Тие ќе се претстават со своите песни и ора од своите етнички заедници, каде ќе го покажат колоритот и мултикултурализмот на општина Куманово. На први јуни во сабота од три страни ќе се сретнат културно уметничките друштва, пред Центарот за култура, каде ќе има една централна манифестација на плоштадот, а пред да почнеме манифестацијата ќе се направи едно дефиле, изјави Цоки Ристовски, раководител на Секторот за култура при Општина Куманово.

Целта, како што истакна Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт, е овој настан да стане традиција за градот Куманово.

– Сакаме да биде традиција во Куманово, и секоја година сите културно-уметнички друштва кои работат, творат во нашиот град да го покажат она што го знаат и умеат и на некој начин таа шареноликост и музичка и етномузиколошка и фолклорна да ја покажат на нашите сограѓани и на сите што го сакаат фолклорот, играњето, изјави Величковски.

Во случај на неповолни временски услови, манифестацијата нема да се откаже, туку истата ќе се оджи од 19 часот во салата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Leave a Reply