Милиони корисници месечно се претплаќаат на порно сајтовите. Содржината до која сакаат да дојдат можат лесно да ја пронајдат благодарение на имињата на филмовите. Во само неколку зборови, меѓу три и пет, продуцентите го усмираат она што љубителите на оваа содржина можат да го видат.
Насловите на „остварувањата“ како „The Little Spermaid“, „OMGape“ и „Make my ass pregnant“ го привлекуваат вниманието на корисниците, но кој ги смислува овие наслови?
Како што пишува „Дејли бист“, во многу помали фирми кои се занимаваат со ова не постои креативен тим кој смислува наслови.
– Ако ставам ДВД на полицата во надеж дека некој случајно ќе го земе и купи, насловот мора да биде истакнат. Моит енајнови ДВД за хомосексуалци се викаат „Big Dicked Superheroes Taken Down“, истакнал Ленс Харт, основач на студија кои се занимаваат со снимање порно филмови.
На онлајн пазарот постои флексибилност и прилагодување на насловите за да се заработи повеќе, а во некои случаи дури понекогаш и целосно незабележан филм на крајот може да заврши на прво метсо на листата.
– Направив филм во кој умот на Бетмен го контролира секси суперхеројка Рајли Рејес и има секс со неа. Не помина добро со насловот кој го имаше. Во воведот Бетмен посрамен поради оделото кое го носи Супер Рајли, така што го променив насловот во „Slut-Shaming Batman“. Веднаш стана најпродаваното остварување, рекол Харт.
Иако Харт тврди дека често за насловите е инспириран од гардеробата, постои и една посебна метода.
Првиот чекор е да се создаде наслов кој ќе ја погоди самата поента на порно филмот.
– Го земам предвид она што учесниците го носат од облеката. Тогаш каков е сексуалниот чин, а потоа и зошто. Зошто се нашле во тоа ситуација. Ако можам сето тоа да го покријам со наслов, тоа е победничка ситуација, но насловот мора да биде краток. Така „Booby Ladies in Pantyhose Pounding Men with Strap-ons“ е предолго. Започнувам така со нешто, а потоа се обидувам да го скратам. Ако не можам, тогаш се обидувам со нешто поемотивно, на пример „Give Her Your Ass“ или така нешто. Некогаш поемотивен наслов минува многу подобро, додава тој.
Режисерот Бри Милс верува дека љубителите ги привлекува насловот, но и визуелниот дел.
– Минатиот месец еписодите и сценит екои луѓето најдолго ги гледале се оние сценти кои во насловот го носат зборот „ќерка“, рекол тој.