По 6. пат „Малински фото фестивал“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фото Клуб Куманово по шести пат го организира веќе традиционалниот „Малински фото фестивал“ кој годинава ќе започне на 25ти мај во 12 часот со меѓуклубската изложба „Круг“ која ќе биде прикажана во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и е дел од програмата за одбележување 500 години од постоењето на Куманово. Ќе трае три дена со низа активности.

– Оваа година членовите од нашиот клуб ФК Куманово имаа можност да си ги „одмерат силите“ со Фото кино клуб Параќин од Србија, кој важи за еден од позначајните и наградувани клубови во регионот. Фотографиите кои беа испраќани од членовите, беа жирирани од минатогодишниот клуб со кој се натпреваруваше Нашиот клуб, фото клуб „Формат“ од Чачак. Оваа изложба е од натпреварувачки карактер и на неа ќе бидат изложени околу педесетина примени фотографии и ќе се доделат трофеи за прво, второ и трето место, а ќе се доделат и 3 дипломи за „фотографии конкуренти“ за награда, информираат организаторите.

Само половина час по отворањето, поточно во 12:30 часот ќе биде отворена изложбата на делата од двете најголеми кумановски основни училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“.

– Во реализација на овие фотографии кои ги направија учениците од фото секцијата водена од менторот Марина Крстиќ, беше вклучен скоро целиот клуб. Членовите држеа предавања, фото-сафариа, презентации на учениците, се за нивно покреативно изразување, а чии резултати во дваесетина фотографии, во мал формат ќе можете да ги видите во „Домот на културата“. И оваа изложба е од натпреварувачки карактер, на учениците ќе им бидат доделени дипломи за прво, второ и трето место, велат од Фото клуб Куманово.

Караванот изложби продолжува во Уметничката галерија во 13:00 часот со самостојна изложба на познатиот новосадски фотограф, член на Фото клуб Војводина, Јан Вало. Колекцијата „На патот кон судбината“ е насловот од 30 фотографии преку кои Јан ќе го претстави неговиот светоглед и емотивните приказни на разни судбини од неговото опкружување.

Следна на репертоарот е клупската изложба „Тумба“ чие отоврање е исто во Уметничката галерија во 13:30 часот. Тука ќе бидат прикажани дваесетте фотографии на членовите и курсистите од ФК Куманово.  Традиционалнона оваа изложба ќе бидат и доделени дипломите за завршен курс на овогодинешните курсисти.

Програмата продолжува во „Занаетчискиот дом“ со интернационалната изложба „Игра“ (Play), која ќе се отвори во 17:00 часот.

Loading...

– Тука јавноста ќе се запознае со околу шеесетина уметнички фотографии, од автори од целиот свет, кои во изминатата година се издвоиле како најдобри во своето поле на фотографирање. Ќе бидат застапени фотографии во 9 теми: слободна колор и монохром, фотожурнализам, жена, патување,природа, живот, улица и минимализам, додаваат од клубот.

Саботната програма ќе заврши со самостојна изложба на членот од Фото клуб Куманово, Жаклина Стефановска во 18:00 часот, во клупските простории. Таму ќе видите 26 дела од авторката во различни тематики, иако преовладуваат сцени од секојдневниот живот сите се на некој начин предизвик за самата авторка.

Ден претходно, во петок 24 мај во клупските простории ќе бидат прикажани проекции од најразлични автори: Виктор Налевски од Битола и Сандра Трајковска од Куманово, фотографи од Турција на Мурат Озчелик, Бајрам Ајхан и Селма Демиркол, ќе има и проекција од познатата полска фотографка Малгорзата Колс.

Последниот ден, 26 мај, fестивалот продолжува во 9:00 часот наутро во околината на Крива Паланка со фото сафари и изложба на дела од македонски автори кои ќе бидат во книгата „За македонцката фотографија“ во Музеј на град Крива Паланка, во 12:00 часот, а потоа самостојна изложба на Божидар Барлакоски од Прилеп во Дом на култура во Крива Паланка во 12:30 часот.

Leave a Reply