Најмасовната спортска манифестација во државата, која традиционално се реализира во образовниот систем позната како „Мали олимписки игри “ оваа година ќе се одржи на 10 мај во Куманово, кој оваа година слави голем јубилеј 500 години од постоењето.
– Планирано е натпреварите да се реализираат од девети до единаесети мај. Организатор на овие игри е Федерација на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт, Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово, информираат од локалната самоуправа.
Во овие игри ќе настапуваат најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата во повеќе спортови со бројка од 800 – 1000 ученици.
Ќе се одиграат по два натпревари во футсал, кошарка, фудбал и атлетика во период од 09:30 до 11:30 часот и тоа:
- Кошарка категорија мажи средни училишта – Спортска сала на СОУ „Перо Наков“
- Футсал категорија жени средни училишта – Спортска сала на ООУ „Магдалена Антова“
- Футсал категорија мажи основни училишта – Спортска сала на ООУ „Христијан Карпош“
- Фудбал мажи основни училишта – Градски стадион Куманово
- Фудбал жени основни училишта – Фудбалски стадион на ФК Речица
- Атлетика категорија мажи и жени од средни и основни училишта – Атлетски полигон „Соколана“
Манифестацијата се очекува да заврши околу 13 часот кога ќе се доделат и дипломи и пехари за најдобрите екипи.