Земјотрес регистриран во јужниот дел на Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 03 часот и 11 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 150 km југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје., информираат од Сеизмолошката опсерваторија на Македонија.

Loading...

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Leave a Reply