Скоро половина од гласовите во Општина Куманово за денешните претседателски избори, односно 49,10 отсто се веќе процесирани во Државната изборна комисија.
Loading...
Според информациите во 21:30, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски води со 1.382 гласа пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Пендаровски засега има 6.879 гласа, наспроти 5.497 на Силјановска-Давкова. Кандидатот на Алијансата на Албанците, Блерим Река има 2.876 гласа.
Во проценти, Река има 18,10%, Силјановска-Давкова 34,60, а Пендаровски 43,29 отсто од гласовите.
На денешното изјаснување во Куманово излегле вкупно 15.889 гласачи од вкупно 92.839, односно 36,28 отсто.
Бројот на неважечки ливчиња изнесува 637.