Лененото семе содржи многу витамини, минерали, масни киселини и влакна кои ја регулираат работата на цревата. Познато е дека лененото семе го чисти организмот од отрови, го забрзува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го намалува апетитот, пишува порталот Штипка.
Исто така, лененото семе апсорбира извесни состојки од храната и ги чисти цревата, а истовремено го снабдува организмот со лецитин. Всушност, масните киселини што ги содржи лененото семе помагаат во топењето на масните наслаги и затоа лененото семе е одлично за слабеење. Помага да се изгуби вишокот килограми, но и да се одржува саканата телесна тежина.
Напитокот од ленено семе кој ви го предлагаме ќе ви помогне на здрав начин, брзо и едноставно да се ослободите од вишокот килограми. Освен за слабеење, овој напиток е многу делотворен и корисен и за третман на гастритис, чир на желудникот, хроничен затвор и хемороиди. Исто така, помага во лекувањето на циститис и пиелонефритис.
Подготовка
Чајот (напитокот) од ленено семе се подготвува одвечер.
3 лажици ленено семе се преливаат со 1 литар врела вода и се остава да отстои во текот на ноќта. Најдобро е да се користи термос, но може и во соодветно тенџере со капак. Наутро се процедува. Се добива густа, слузеста смеса која треба да се пие 3 – 4 пати на ден, по 150 мл. половина час пред оброк. Напитокот се подготвува секоја вечер, за утрешниот ден. Секогаш мора да биде свежо подготвен.
Овој напиток од ленено семе се пие десет дена, по што се прави пауза од десет дена и потоа пак се продолжува со напитокот, десет дена се пие, па десет дена пауза, се додека не ја постигнете саканата тежина. На овој начин се слабее здраво и сигурно, без никакви последици по здравјето.
Сами ќе си одлучите кога ви е доста со слабеењето. Иако резултатите се индивидуални и зависат од повеќе фактори како полот, возраста, здравствената состојба и сл., обично се потребни 3 – 5 вакви третмани од по 10 дена за да се постигне саканата тежина. Се препорачува во текот на третманот да се пијат многу течности – вода и незасладени чаеви.
Лененото семе што ќе ви остане по процедувањето можете да го изедете за појадок, во комбинација со житарки, овошје, јогурт или мед, по ваш избор. Ќе добиете здрав и диетален појадок кој само ќе ви помогне побрзо да стасате до саканата цел.
Покрај тоа што ќе ви помогне да се ослободите од несаканите килограми, напитокот од ленено семе исто така ќе ја подобри и состојбата на вашата кожа, која ќе стане поцврста, здрава и затегната. Што е најважно од се` – ќе се ослободите и од целулитот!
Напитокот со лен не смее да се консумира во следниве случаи:
– Доколку имате проблеми со црниот дроб (ако не станува збор за некое посериозно заболување, можете да ја намалите дозата но треба постојано да ја контролирате ситуацијата).
– Доколку имате камен во бубрегот, бидејќи ленот активно ги извлекува камењата и песокот, но овој процес мора да се спроведува систематски и под постојан надзор на лекар.