Можете ли да замислите палачинки кои не дебелат? Овој рецепт е токму таков.
Loading...
Состојки
½ чаша овесни снегулки
½ чаша кокосово брашно
½ чаша просо
Малку сол
1 лажица шеќер или мед
½ прашок з апециво или лажица сода бикарбона
Loading...
1 лажица безглутенско брашно
2 јајца
2дл млака вода
1 лажица масло
Подготовка:
Овесот, кокосот и просото измелете ги во млин за кафе. Соединете ја смесата со остатокот од намирниците и потоа оставете да отстои 15 минути во фрижидерот. Во тава загрејте масло, а при сипувањето на смесата внимавајте да не земете преголема количина за да палачинките не излегуваат дебели. Печете од едната и другата страна додека не поцрвенат.
Препорачливо е да ги јадете со мед, наместо крем.