Музејот на кафето во Торино е вистинска атракција

Сподели со своите пријатели

Ако спаѓате во вистинските љубители на кафето и планирате скора посета на Италија, размислете за идејата да свратите во Торино.

овој град неодамна го добил новиот музеј посветен на историјата и процесот на производство на овој чудесен напиток.

Музејот посетителите ги запознава и со историјата на една од најпознатите компании за производство на кафе во светот.

СРУШЕН УШТЕ ЕДЕН МИТ: Шолјата кафе лекува мамурлак

Loading...

По влегувањето во музејот, секој гост добива шолја еспресо, а потоа започнува обиколка на пет различни делови на музејот, кои се занимваат со процесто на правење на кафето, 120 години долгата историја на компанијата и социјалната и ритуална улога на кафето во светот денес. Тука е и обиколката на медиумската архива и времето резервирано за дегустација.

Изложените предмети се многу интересни и меѓу нив ќе ја видите првата машина за еспресо која била испратена во вселената, но и рекламни кампањи за кафето низ историјата.

Цената на влзеницата е 10 евра.

Leave a Reply