Кумановскиот рок бенд „KHARA“ во понеделник со почеток од 21 часот, на платото пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе одржи самостоен целовечерен концерт.
Целта на групата е финиширање на „Indiegogo crowdfunding“ кампањата за финансирање на нивниот втор албум „Heaven Can Wait“.
На настанот ќе има поставен штанд за донации, каде што ќе може да помогнете и за возврат да добиете соодветни награди, велат членовите од групата.
На концертот ќе бидат достапни и последните копии од првиот албум „There Were Heroes Amongst Us“.