Ако одите на работа со велосипед ќе добиете пари за секој километар

Сподели со своите пријатели

Холандското министерство за инфраструктура предложило парична надокнада за велосипедистите кои на работа одат на две тркала.

– Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште околу 200.000 луѓе кои на велосипедите ќе изминат три милијарди километри или повеќе, рекла Стиентје ван Велдховен, од ресорното министерство.

Велосипедист со пеење ги помери пешаците: Реакцијата на луѓето е неверојатна (видео)

Loading...

Според тој предлог секој граѓанин кој на работа оди со велосипед би можел да добие 19 центи по изминат километар.

Тамошната влада планира и субвенции за купување велосипеди, но и дополнители 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедските патеки.

Leave a Reply