Вчера во 21.15 часот во Полициската станица Куманово, од слобода бил лишен Б.Б. (28) од Сојузна Република Германија поради пријавено нарушување на јавен ред и мир – предизвикано со тепачка со елементи на кривично дело „насилство“, како и поради сторен прекршок по член 139 од Закон за странци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил задржан за понатамошна постапка пред надлежен суд.