Изутринава времето во Македонија е променливо облачно, во западните делови на повисоките планините има локални врнежи од снег, а на пониските места има локален дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови на земјава. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да биде повеќе од 30л/м2.
На повеќето места ќе се формира нова снежна покривка, а на плнините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, повеќе израсен ќе биде во западните подрачја. Минималните температури ќе се движат од -2 до 5,а максималните дневни од 2 до 9 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе преовладува облачно време со услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе изнесува 7 степени целзиусови.
Променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со повремен слаб дожд, а на планините и на некои повисоки места ќе има усллови за повремен слаб снег.