РУСИТЕ ПОРАЧАА: Ако сакате стабилност на Балканот вратете ја Југославија

Сподели со своите пријатели

Рускиот државен медиум „Раша тудеј“ објави интересен коментар на Нил Кларк, својот редовен коментатор кој пишува и за низа познати британски медиуми, а во кој тој ги анализира актуелните напнатости на Балканот и како решение на проблемот нуди обнова на Југославија.

Со оглед на тоа дека РТ го финансира руската држава и дека се работи за медиски проект чија задача е промовирање на итнересите на Владимир Путин, вреди да се обрне внимание како тие ја толкуваат ситуацијата на Балканот.

Погледнете ги подземните војнички бункери на Југославија (фото)

Loading...

Во текстот се наведува како сите проблеми во регионот произлегуваат од насилниот распад на мултиетничка Југославија во деведесетите, што е процес кој западните сили го поддржувале, па и активно охрабрувале, па очекувано, се критикува што влијателниот американски Совет за странски односи (CFR) ја смета Русија за фактор кој најмногу допринесува за дестабилизација на Балканот.

РТ смета дека сите потенцијални кризи кои сега го следат регионот не се вина на руската политика туку последица на претходни американски и западни интервенции и кампањи.

Се повикува  поради тоа што го брани постоењето на Босна и Херцеговина па се прашува зошто е важен нејзиниот територијален интегритет ако САД ја поддржува независноста на Косово и правото на самоопределување на тамошното албанско население.

– Зошто тогаш не бил важен територијалниот интегритет на Југославија? – се прашува РТ во коментарот.

Истакнува дека многу луѓе во регионот се носталгични за Југославија па се споменува минатогодишната ангелата на Галуп, во која поголемиот дел од граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора и Херцеговина, како и 25 отсто од Словенија (која се смета за најуспешна од сите поранешни екс-ју републики) сметаат дека распадот на Југославија била лоша работа.

45% од Македонците „тагуваат“ по Југославија

– „Југославија на народите на Балканот не им даваше само стабилност туку и економска сигурност. Имаше смисла што народите од регионот се одлучиле да се обединат во федерална држава“ – нагласува во коментарот РТ и додава: „Југославија постигна големи успеси во подрачјето на културата, спортот, уметноста, образованието и општествениот развој. Нејзиното уништување беше трагедија не само за луѓето на Балканот туку за целото човештво.“

РТ заклучува дека сега наместо силна југословенска држава имаме низа мали, економски слаби држави на Балканот, а дека тоа им одговара на империјалистичките претензии на САД, па  единствен начин проблемите на Балканот да се решат е со враќање во историјата.

Се предлага целосна реконструкција на југословенската федерација, која со Албанија би потпишала договор за пријателство, а можеби би понудила и приклучување.

– Југославија имала смисол во 20. век, а има и денес, заклучува Нил Кларк во коментарот објавен на „Раша Тудеј“.