Ердоган: Трамп веднаш да ја повлече својата одлука за Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска посочи дека очекува од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп без одолговлекување да ја повлече својат аодлука за признавање на Ерусалим како престолнина на Израел.

Ердоган преку Твитер се заблагодари на големата поддршка на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, каде повеќе од 100 држави гласаа за поништување на одлуката на САД за признавање на Ерусалим.

Loading...

Генералното собрание на ОН, денеска на вонредна седница, со 128 гласови „за“ и девет „против“ го прогласи за ништовно американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел.