Директор на компанијата „Мерцедес“, Дитер Цетше изјавил дека моментално наместо произведувачите на автомобили, главни конкуренти му се Тесла, Гугл, Ејпл и Амазон и наведува драматични промени кои не очекуваат за следните 20 години.
Четше изјавил дек Убер ќе стане најголемата такси служба во светот, а Airbnb најголемата хотелска компанија. Исто така вели дека американските адвокати ќе останат без работа затоа што системот IBM Watson во секунди пружа правни совети со 90% точност, додека точноста на советите од правници е само 70%.
– Нашите деца никогаш нема да бидат сопственици на автомобили ниту возачки дозволи – рекол тој.
Цетше предвидува дека во 2030 година компјутерите ќе станат поинтелигентни од луѓето, а веќе следната година ќе се појави автомобил со самоуправување за јавна употреба.
Тврди дека до 2020 година, целата автомобилска индустриа ќе биде сменета затоа што никој повеќе нема да сака да купи автомобил.
– Ќе повикате автомобил да дојде по вас, тој ќе се појави и ќе ве одвезе до местото каде сакате да одите. Нема да морате ниту да паркирате, ќе можете да правите нешто друго за време на возењето и само ќе платита за изминатата одалеченост. Нашите деца никогаш нема да имаат возачки дозволи, ниту ќе бидат сопственици на автомобили – додава Цетше.
Тој смета дека автомобилите на самоуправување ќе спасат милиони животи секоја година затоа што драстично ќе се намали бројот на несреќи во целиот свет.
– Поголемиот дел од автомобилските компании веројатно ќе банкротираат, а технолошките компании како Тесла, Ејпл и Гугл ќе градат компјутери на тркала преку револуцинерен пристап. Многу инжинери од Волксфаген и Ауди се преплашени поради Тесла. Електричните автомобили ќе станат вообичаени околу 2020 година. Во градовите повеќе нема да има толку бучава, а електричната енергија ќе стане неверојатно евтина. Така и водата ќе стане евтина, но и чиста – рекол Цетше.
Исто така утврдил дека ќе дојде до пропаст и на медицинската индустрија поради уредот Tricoder X, кој може да ја идентификува скоро секоја болест и ќе биде широко достапен. Наведува дека мобилните на крајот на оваа година ќе имаат вградена опција за 3D скенирање, а 3D принтерите ќе бидат толку распространети што ќе може да ги скенираме стапалата, а потоа да си отпечатиме чевли во домашни услови.
– Во следните 20 години ќе исчезнат 70 до 80 проценти од работните места. Секој план за успех створен во 20 век е осуден на пропаст во 21от. Што и да сте планирале, заборавете ако тоа не можете да го направите преку вашите телефони. Апликацијата под името „moodies“ веќе според изгразот на лицето може да го препознае вашето расположение. До 2020 година ќе има развиени слични апликации кои ќе може да откријат дали ја зборувате вистината. Замислете политичка дебата во која можете да видите кој ја зборува вистината, а кој лаже – рекол Цетше.
Исто така тој најавува дека биткоинот ќе стане главна валута во светот, а очекуваниот животен век ќе биде над 100 години.
– До 2020 година скоро 70% од луѓето во светот ќе имаат паметни телефони, што значи дека ќе имаат и пристап до врвно образование ширум свето – оценува Цетше.