Пристигнува Тесла 3: Автомобилот кој го сака целиот свет (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Станува збор за првиот модел на Тесла кој е наменет за најшиоркиот пазар, првенствено поради релативно ниската цена.

Цената на базниот модел е 35.000, а на онаа со поголем капацитет на батеријата 44.000 американски долари, но првично е достапна само поскапата верзија. Од Tesla објавија дека стандардната верзија на Model 3 ќе предложи автономија од до 220 миљи или 350 километри, а втората со таква од 310 миљи, односно 500 km.

Model 3 Standard Battery ќе биде во можност да се забрза од 0 до 96 km/h за 5.6, а Model 3 Long Range Battery за 5.1 секунди. Максималната брзина на движење на двете модификации се соодветна, 210 и 225 km/h. Од Tesla коментираат дека овие параметри се однесуваат за верзијата со еден електромотор и заден погон, а во подоцнежна фаза ќе бидат лансирани и верзии со погон на два електромотори и на сите четири тркала.

 

Loading...

Tesla Model 3 ќе се нуди во неколку различни бои – Solid Black, Midnight Silver Metallic, Deep Blue Metallic, Silver Metallic, Pearl White Multi-Coat и Red Multi-Coat. Сите бои чинат по 1000 долари, освен црната боја која е „стандардна“.

Од Tesla Motors дополнуваат дека во моментов на влегување на пазарот на Model 3, во сила ќе влезат и посебни субвенции за купување на истиот. Субвенциите ќе се движат помеѓу 7.500 и 10.000 долари, на нема да важат за граѓаните на САД или компаниите од земјата, чиј приход надминува 150.000 односно 300.000 долари.