ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАУЧНИЦИТЕ: Избегнувањето на лебот во исхраната е голема грешка

Сподели со своите пријатели

Лицата кои избегнуваат пченица верувајќи дека исхраната без глутен ќе им го подобри здравјето себе си си прават повеќе штета отколку корист тврдат научниците.

Кај луѓето кои патат од целијакија, состојба која погаѓа 1% од целата популација, глутенот доведува до реакции во желудникот кои спречуваат апсорпција на нутриенати и предизвикува болни симптоми како што се надуеност и дијареја.

Намирнциите без глутен доживеале голема популарност кај лицата кои ја немаат оваа болест затоа што сметаат дека се поздрави.

Меѓутоа, научниците откриле дека конзумирањето на глутен не го зголемува ризикот од добивање болести на срцето.

Тимот од 13 научници од Харвард и Колумбија тврдат дека не требало да се препорачува исхрана без глутен на здрави лица затоа што таа не ги спречува болестите на срцето.

Исхраната без глутен е пополуарна затоа што луѓето мислат дека тој го зголемува ризикот од гојазност и кардиоваскуларни болести. Сепак ние не пронајдовме докази кои одат во прилот на тие тврдења – велат истражувачите.

Тие анализирале податоци во врска со 100.000 лица кои немале историја на срцеви болести и заклучиле дека не постои значајна врска помеѓу конзумацијат ана глутен и зголемениот ризик од болести на срцето.

Секако, како и со другите работи во животот, умереноста е клучот и би требало да бирате поздрав тип на леб, како оние од цели зрна житарици затоа што содржат важни нутрити потребни на нашиот организам и доброто здравје.

 

Loading...