ЗАБОРАВЕТЕ ГИ МАЧКИТЕ: Оваа жена живее со 1.500 тарантули (видео)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Минг Чу од Индонезија има необично хоби, да одгледува тарантули. Во својот стан се грижи за 1.5000 необични миленици и тоа, како што вели, неизмерно го обожава.

Одлгедува тарантули од 2010 година, по што пријател и предложил да започнат да продаваат.

Пријателот ми предложи да ги одгледуваме и продаваме пред седум години. Во меѓувреме тој се откажа, но еве ме, јас и натаму работам и Љубовта е посилна од се – вели Минг.

Таа додава дека не е лесно да се одгледуваат тарантули и дека неколку пати ја имаат каснато.

Освен што ги хранам морам да водам сметка за тоа како се размножуваат. Ова е предизвик, одгледувате над 1.000 тарантули. До сега на нив имам потрошено 55.000 долари и сите живеат со мене – раскажува Минг.

Се жали дека и одземаат премногу време, па не може да се посвети на себе, но сепак тоа ја исполнува.