Денес е задушница – ден за помен на душите на починатите

Сподели со своите пријатели

Ден пред православниот празник Духовден, е ден кога започнуваат деновите на задушници.

Loading...

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.

Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушница, но задушниците поврзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот.

Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Leave a Reply