Четврток ќе биде претежно стабилен од метеоролошка гледна точка.
Loading...
Утрото ќе биде претежно ведро, а попладнето ќе донесе сосема мала облачност. Околу планините во северната половина од земјата ќе има мал развој на купеста облачност, но само мала веројатност за дожд ќе има во осоговскиот и шарскиот крај крај.
Минималната температура ќе има вредност околу 15°С долж повардарието и околу 12°С во останатите места.
Максимална дневна температура до 32°С долж повардарие, а низ останатите места околу 28°С. На повисоките места максималната нема да надмине 25°С.