ЖЕСТОК НАПАД НА САУДИСКА АРАБИЈА: Гори Јемен, 11 лица загинаа во воздушен напад врз Хутите

Сподели со своите пријатели

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, редовно бомбардира области контролирани од Хутите, откако непријателствата во таа земја повторно се разгореа во летото, пишува денес „Тајмс оф Израел“.

Како одговор, јеменските бунтовници Хути започнаа речиси секојдневни напади врз Саудиска Арабија, целејќи енергетски објекти, аеродроми и финансискиот кварт во главниот град Ријад.

Саудиски воени авиони извршија напад врз станбена зграда во градот Ал-Турба, во покраината Таиз, при што „убиени се 11 граѓани, повеќето од нив деца“, според новинската агенција „Саба“, блиска до Хутите.

Агенцијата, исто така, известува за напади врз резервоари за гориво во регионот Сада, кој е лулка и главно упориште на ова движење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кос: Албанија би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година