Најмалку 31 лице загина, а уште 21 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на кружниот пат околу Каиро, главниот град на Египет.
Трагедијата се случи откако камион што превезувал нафтени производи се превртел за време на свртување, по што следела силна експлозија и голем пожар.
Според информациите од египетското Министерство за здравство, пожарот набрзо се проширил на голем број возила што биле во близина во тој момент.
Пожарот зафатил автомобили и мотоцикли, а сцените од местото на несреќата сведочат за обемот на трагедијата.
Несреќата се случила во среда, 25 ноември, во областа Ал-Варак, во покраината Гиза, на прометен пат што поврзува различни делови од пошироката област на Каиро.
Бројни спасувачки екипи веднаш биле испратени на местото на несреќата.
Министерството за здравство објави дека се распоредени 39 амбулантни возила, додека повредените се префрлени во блиските болници. Четири лица се во критична состојба.
Според првичните проценки, во пожарот целосно се уништени најмалку 27 возила, вклучувајќи автомобили и мотоцикли.
JÓVENES QUEDAN ATRAPADOS EN MEDIO DEL INCENDIO EN EGIPTO
🇪🇬🚨 Dramáticas imágenes muestran a un grupo de jóvenes atrapados sobre un puente tras el incendio de un camión cisterna en Al-Warraq, cerca de El Cairo.
El siniestro dejó al menos 30 fallecidos y 15 heridos.
Se desconoce el estado de las personas que aparecen en el video.
— News On Demand (@OnDemand_News) November 25, 2026
Покрената е истрага, идентитетот на жртвите се утврдува преку ДНК анализа.
Египетското обвинителство започна истрага за да ги утврди сите околности што доведоа до оваа трагедија.
Поради сериозноста на пожарот и состојбата во која беа пронајдени поединечни тела, надлежните служби спроведуваат ДНК анализи за да го утврдат идентитетот на жртвите.
Според прелиминарните информации, возачот на камионот ја изгубил контролата врз возилото, по што тоа удрил во бетонска заштитна ограда, се превртел и се запалил. Потоа пожарот се проширил на возилата што минувале по тој дел од патот.
Сепак, конечната причина за несреќата ќе биде позната по завршувањето на истрагата.
За трагедијата се огласи и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и изразувајќи солидарност со повредените.
На надлежните институции им беше наредено да обезбедат потребна медицинска помош на повредените, како и поддршка на семејствата на жртвите.
Египетските власти најавија и дополнителни проверки за безбедноста на транспортот на нафтени производи со цел да се утврди што довело до несреќата и да се спречи повторување на слични трагедии.
BREAKING: Reports of more than 30 people killed after a truck carrying petroleum products overturned while turning on Cairo’s Ring Road, triggering a massive explosion and fire that spread to several nearby vehicles, according to Egypt’s Health Ministry. https://t.co/7lJKLTR2Rs
— Breaking911 (@Breaking911) November 25, 2026

