Украински дронови погодија паркинг во Запорожје, пет лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Пет лица загинаа, а тројца се повредени во напад на украинските вооружени сили со беспилотни летала врз паркинг во населбата Весело во Запорожје, објави гувернерот на тој регион, Евгениј Балицки.

„Во нападот на непријателски беспилотни летала врз паркингот во населбата Весело, пет лица загинаа, додека тројца се повредени“, рече Балицки во објава на социјалната мрежа Макс.

Според него, сите повредени се пренесени во болница, каде што добиле медицинска помош.

На местото на нападот се наоѓаат припадници на службите за итни случаи и оперативните служби, кои работат на отстранување на последиците од нападот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поевтино е Европа да го финансира Киев отколку сама да војува со Русија