Бројот на случаи на ебола во Конго надмина 12.000: Повеќе од 5.900 луѓе починаа

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои починале како резултат на инфекцијата со ебола во ДР Конго е 5.904, додека бројот на заразени лица достигна 12.021, според владини податоци.

Епидемијата, која е предизвикана од редок сој на вирусот ебола Бундибугио, беше прогласена кон средината на мај во покраината Итури, на североистокот од земјата, и оттогаш се прошири во осум од вкупно 26 покраини, објави Ројтерс.

Нема одобрени лекови или вакцини за овој сој на вирусот.

Доцното откривање на случаи, вооружените конфликти и преоптоварениот здравствен систем придонесоа за побрзо ширење на инфекцијата отколку за време на претходните епидемии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Даваат бесплатна куќа и сигурна работа, но имаат еден важен услов: Место со 40 жители бара нови соседи!

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ), само 15 проценти од новите случаи доаѓаат од луѓе кои веќе им биле познати на здравствените власти, што укажува дека многу синџири на пренос на вирусот сè уште не се откриени.

Сегашната епидемија е втора најголема и најсмртоносна досега, по епидемијата во Западна Африка од 2014-2016 година, во која беа инфицирани повеќе од 28.600 луѓе, а починаа повеќе од 11.000.

Анализата на сателитските снимки од Ројтерс покажува дека официјалниот број на смртни случаи во двете области на Конго кои се најтешко погодени од епидемијата може да биде значително потценет, истакнува агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун нареди проширување на нуклеарниот арсенал