Во текот на ноќта најпрвин во западните делови, а потоа насекаде низ Македонија ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.
Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2°С до 9°С, а максималната од 11°С до 19°С, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до засилен ветер од западен и северозападен ветер, кој ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Максималната дневна температура се очекува да достигне 11 степени целзиусови, а во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -3 степени.
Од страна на УХМР за регионот на кумановско е издадено жолто предупредување за силен ветер.

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево, но драстично постудено време. со слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до дури шест степени во негатива, а максималната дневна ќе достигне само 5 степени целзиусови.
Среда носи претежно облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне до шестиот степен.
Во четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 10 степени целзиусови.

И во петок ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.
Сабота исто така носи облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер, но од источен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне шест степени целзиусови.
Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во недела, кога ќе имаме услови и за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални пет степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

