Барселона, Мадрид и Париз омилени дестинации на европските патници во 2026 година

Сподели со своите пријатели

Барселона, Мадрид, Париз, Палма де Мајорка и Лондон беа петте дестинации со најмногу резервации меѓу европските патници во 2026 година, според извештајот на онлајн туристичката агенција „eDreams ODIGEO“.

Според податоците на агенцијата, меѓу дестинациите со најголем пораст на резервациите беа Дурбан, со зголемување од 80 проценти, Мелбурн со 57 проценти, Кејптаун со 55 проценти, Јоханесбург со 50 проценти и Сиднеј со 48 проценти, објави Euronews.

Извештајот „Годината на патувањата 2026“ вклучуваше податоци за пребарувања и резервации на патници од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Велика Британија и САД.

Најбараните дестинации на глобално ниво беа Париз, Лондон, Токио, Њујорк и Бангкок, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕВРОПОЛ: Екстремисти користат онлајн игри за ширење пропаганда и поттикнување насилство!

Кога станува збор за хотелски резервации, меѓу најпопуларните дестинации беа Барселона, Мадрид, Париз, Рим и Амстердам.

Раст на интересот е забележан и за Каљари, со 78 проценти, Даблин со 76 проценти и Тирана со 74 проценти.

Податоците покажаа дека шпанските градови се особено популарни кај патниците од Европа.

Седум од 10-те најрезервирани дестинации на шпанските туристи биле во нивната земја, додека кај германските патници, Палма де Мајорка и Барселона ги зазедоа првите две места.

Меѓу француските патници, Маракеш регистрирал најмногу резервации, пред Барселона и Лисабон, додека португалските туристи најчесто ги избирале Париз, Барселона и Мадрид. Италијанците резервирале најмногу патувања во Барселона, Тирана и Париз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сајбер напад врз фрижидери и замрзнувачи во супермаркетите низ Европа

Извештајот, исто така, укажува на интерес за патување во 2027 година.

Токио, Лондон, Париз, Орландо и Канкун се меѓу дестинациите за кои патниците веќе покажуваат интерес, додека Токио, Лондон, Париз, Орландо и Канкун се меѓу најчестите пребарувања.