Педесетгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека нудел помош за подигање пари од банкомат, па им земал дел од парите на граѓаните.
– На 02.11.2026 околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.З.(50) од село Пчиња, кумановско. Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

