Димитриевски од Кочани: Се додека е ЗНАМ дел од Владата правосудниот испит ќе се полага согласно закон и устав!

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетот пред граѓаните. Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, денес во Кочани, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, заедно со партиското раководство, ги презентира резултатите од изминатите две години и ги испрати јасните пораки за принципите од кои ЗНАМ нема да отстапи.

Димитриевски порача дека за прашањата што ги засегаат македонскиот јазик, државниот суверенитет и почитувањето на Уставот и законите нема простор за политички пазарења. Осврнувајќи се на шпекулациите и барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит, тој беше дециден дека ставот на ЗНАМ е јасен и непроменлив.

 

 

„Се додека е ЗНАМ дел од Владата, правосудниот испит ќе се полага согласно закон и Устав, на македонски јазик! Може да има различни барања, притисоци и шпекулации, но нашиот став е јасен. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме. Законите и Уставот мора да се почитуваат, а македонскиот јазик е темел на нашиот државен идентитет. За принципите што ги застапуваме не бараме алиби и не прифаќаме компромиси што се спротивни на законите и Уставот“ истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АЛТА банка АД Битола тврди дека е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Претседателот на ЗНАМ се осврна и на случајот со Ива Михајлова, посочувајќи дека ниската излезност на изборите во Бугарија и апатичната атмосфера кај бугарските граѓани не смеат да се прикриваат преку создавање лажни политички теми, провокации и обиди за вршење притисок врз Република Македонија. „Поразително ниската излезност на изборите во Бугарија и апатијата кај бугарските граѓани не можат да се покриваат со креирање лажни политички теми и обиди за политички притисок врз Македонија. Во однос на случајот со Ива Михајлова, ги повикувам бугарските власти да постапат согласно потерницата издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и да ја екстрадираат за да одговара пред надлежните институции за случајот за кој се товари. Очекуваме почитување на правните процедури и соработка со надлежните институции. Македонија е суверена држава и нема да дозволиме создавањето лажни политички теми да го потисне почитувањето на правниот поредок“ нагласи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АЛТА банка АД Битола тврди дека е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

 

 

На панел-дискусијата во Кочани се обратија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседател на ЗНАМ, Борче Серафимовски, пратеникот и потпретседател на Движењето, Павле Арсоски, како и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов. Серафимовски ги презентираше мерките и активностите за поддршка на македонските земјоделци, јакнење на домашното производство и подобрување на условите за работа во земјоделството. Арсоски се осврна на улогата на Собранието во донесувањето на значајните законски решенија и реформските процеси, додека Андов зборуваше за потенцијалите на природните ресурси на Македонија и нивното одговорно искористување во функција на економскиот развој.

Со отчетот во Кочани, ЗНАМ ја продолжува својата политика на директна комуникација со граѓаните, презентирајќи ги резултатите од досегашната работа и јасно поставувајќи ги приоритетите за периодот што следува. За ЗНАМ, отчетот не е формалност, туку обврска кон граѓаните. Две години работа, две години резултати и јасна определба, Македонија да биде држава во која важат законите и се штитат националните интереси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АЛТА банка АД Битола тврди дека е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење