Вечерва започнува зимското сметање на времето – ноќта ќе трае еден час подолго

Сподели со своите пријатели

Зимското сметање на времето започнува ноќеска, сабота кон недела, кога граѓаните во ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците еден час наназад.

Промената ќе се случи во текот на ноќта меѓу сабота и недела. Кога часовникот ќе покаже 03:00 часот, времето ќе се врати на 02:00 часот, што значи дека оваа ноќ ќе трае еден час подолго.

Со преминот кон зимско сметање на времето, утрата ќе бидат посветли, но сонцето ќе заоѓа порано, па дневната светлина во попладневните часови ќе биде пократка.

Повеќето мобилни телефони, компјутери и други дигитални уреди автоматски ќе го приспособат времето, доколку се поставени на автоматско ажурирање. Кај традиционалните часовници и дел од домашните апарати, времето ќе треба да се промени рачно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре против непобедениот Работнички

Зимското сметање на времето ќе остане во сила до пролетта, кога повторно ќе преминеме на летно сметање на времето.

Никола Ивановски