Грција ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години

Сподели со своите пријатели

Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година, а технолошките компании ќе мора да воспостават соодветни механизми за проверка на возраста на корисниците.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат два и пол месеци да развијат системи што ќе ја одредат возраста на корисниците, а истовремено ќе ја заштитат нивната приватност, објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Законот не пропишува употреба на специфична апликација за проверка на возраста, но бара од компаниите да имплементираат сигурни и соодветни технолошки решенија што нема да вклучуваат непотребно собирање лични податоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарка пренела 45.000 евра преку граница, ги спакувала во јакна и ги оставила до контејнер. По 9 дена сфатила дека е измамена!

Грчките власти наведуваат дека целта на новите мерки е да се заштитат децата од негативните последици од прекумерната употреба на социјалните мрежи, особено проблемите со спиењето, концентрацијата и намалувањето на времето што го поминуваат во директно дружење со врсници.

Владата истакнува дека на овој начин сака да им помогне на родителите во борбата против таканареченото „бесконечно скролување“, кое сè повеќе влијае на секојдневниот живот на малолетниците.

Грција е една од седумте членки на Европската Унија кои, во соработка со Европската комисија, работат на развој на заеднички систем за проверка на возраста на корисниците на интернет.

Слични мерки веќе се разгледани во други земји. Минатата година, Австралија стана првата земја што го озакони пристапот до социјалните мрежи за малолетници, додека Уставниот совет на Франција поништи сличен закон во август годинава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марк Закерберг ќе ја напушти Калифорнија ако се воведе данокот за милијардери