Бројот на жртви од почетокот на израелската војна во Појасот Газа се искачи на најмалку 74.498 лица, додека 175.616 се ранети, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава.
„Од таканареченото „примирје“ во октомври 2024 година, Израел уби 1.538 Палестинци и рани 5.498 лица“, објави Ал Џезира.
Во последните 24 часа, четири лица загинаа, додека 12 се повредени, се додава во соопштението.
Конфликтот во Појасот Газа, кој доведе до ескалација на насилството и голем број жртви, започна на 7 октомври 2023 година.

